Ресторан и вински подрум

Доколку сте љубители на доброто вино, винарската визба Сковин е одличен избор за дегустација на врвни и квалитетни вина со помош и совети од професионални сомелиери, надополнети со можност за прошетка низ винарската визба и запознавање со процесот на производство на нашите вина.

Од 2011 година во составот на Сковин почна да функционира и барик-подрумот, со што Сковин ќе ја прошири својата па­лета и со вина одлежани во дабови буриња.

Барик-подрумот е опремен со буриња од разни производители од Франција, Хрватска, Италија и Македонија и со различен капацитет од 5000 литри до класичните 225 литри. Во моментов во нив зреат вина од сортите шардоне, мерло, каберне совињон и вранец, како и нашите врвни вина марков манастир и скупи куве.


Адреса: 15-Корпус бр. 3, Автокоманда, Скопје
Тел. 02/3145-717
info@skovin.com.mk