Органи на управување

Одборот на директори на СКОВИН АД Скопје управува со Друштвото во рамките на овластувањата определени со закон и Статутот, и овластувањата што изречно му се дадени од Собранието. Правата и обврските на одборот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва, се регулирани со Статутот на Друштвото.

  • Членовите на Одборот на директори ги избира Собранието на Друштвото на СКОВИН АД Скопје;
  • Претседателот на Одборот на директори го избира Одборот на директори на СКОВИН АД Скопје од редот на своите неизвршни членови;
  • Структурата, изборот, овластувањето и работењето на Одборот на директори се утврдени со Статутот на СКОВИН АД Скопје и Деловникот за работа на Одборот на директори;
  • Правата и обврските за донесување одлуки од страна на Одборот на директори во согласност со Законот за трговски друштва се регулирани со Статутот на СКОВИН АД Скопје.

Во рамките на овластувањата определени со Законот за трговски друштва и Статутот на СКОВИН АД Скопје, Одборот на директори управува со Друштвото и се состои од 4 (четири) членa, од кои 3 (три) се неизвршни членови и 1 (еден) е извршен член кој го носи називот извршен директор. 1 (еден) од неизвршните членови е независен член на Одборот на директори.

 

 

Одбор на директори на СКОВИН АД Скопје

Драган Наков - Претседател на Одбор на директори

Тодор Сејзов - Извршен член на Одборот на директори (Извршен директор)

Иван Бошковски - Независен член

Сашо Наков - Неизвршен член