Партнерите на Сковин

Винарницата Сковин соработува со компании, хотели, ресторани во Македонија и надвор, а дел од нашите главни партнери се

Фершпед АД

 

ДРУШТВО ЗА МЕЃУНАРОДНА И ВНАТРЕШНА ШПЕДИЦИЈА СО ЈАВНИ И ЦАРИНСКИ СКЛАДИШТА


Услугите на компанијата се од областа на транспортот, шпедицијата, царинењето и складиштењето, и нив
 ги користат најголемите претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските земји, западна и источна Европа. Низ годините на нашето постоење бевме сведоци и директни учесници во градењето на некои од позначајните индустриски објекти и комплекси во Македонија (проектите ФЕНИ, ТЕЦ Неготино и сл.).
Освен со шпедиција како основна дејност, компанијата се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство и игри
 на среќа преку купување акции во тие дејности од стопанството. 

www.fersped.com.mk

Хотел Александар палас

 

Хотелот Александар палас е  водечки хотел во Македонија, се наоѓа на десниот брег на реката Вардар во близина на градскиот парк, само 3 километри од центарот на градот и во непосредна близина на најважните административни, културни и историски објекти.

Хотелот располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи 22 апартмани: „juniorsuite“, извршен апартман и претседателски апартман. Сите соби се опремени со директна телефонска линија, сателитска и кабелска телевизија, брзa безжична и DSL интернет конекција, минибар итн.

Модерната конференциска сала и свечениот центар за банкет се состои од мултифункционална конференциска сала со капацитет од 1500 седишта и 4 помали простории со комплетна опрема за деловни состаноци.

 

http://www.aleksandarpalace.com.mk/

Хотел Метропол Охрид

 

Хотелот Метропол беше и остана единствен и неповторлив хотел, меѓу сите други хотели во регионот, со архитектура по која се издвојува од сите други конвенционални хотели. Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2004 г.

Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвезди. Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот кат.

Сместувачки капацитети

Сместувачкиот капацитет во хотелот Метропол се состои од 5 ката со следниве содржини:

  • 110 двокреветни соби со опција за додавање трет кревет;
  • 4 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
  • 1 резидент-апартман (2 спални и дневна соба);
  • 1 делукс-апартман (спална и дневна).

http://www.metropol-ohrid.com.mk/

Хотел Белви Охрид

 

Хотелот Белви е отворен во 1989 година со спроведено комплетно реновирање во 2007 година. Според законските регулативи, хотелот е категоризиран како хотел од втора категорија со 4 ѕвезди. Хотелот се состои од 5 ката со мезанин, приземје, 5 ката над приземјето и две нивоа под основниот кат.

Сместувачкиот капацитет се состои од пет ката и мезанин со следните содржини:

  • 170 двокреветни соби со опција за додавање трет дополнителен кревет;
  • 3 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
  • 1 делукс апартман (спална и дневна соба).

Сите апартмани се комплетно и луксузно опремени:

  • Има посебна просторија за персоналот и за собна услуга за секој кат;
  • Сместувачкиот дел покрива површина од 6 000 м2;
  • Постои систем за откривање пожар;
  • Хотелот е опремен со хидрантен систем и опрема за заштита од пожари.

http://www.metropol-ohrid.com.mk/

Хотел Турист Охрид

 

Хотелот Турист е изграден и отворен во 1986 г. како анекс на хотелот Метропол. Комплетно е реновиран во 2007 година. Хотелот ја има истата архитектура како и Метропол и двата хотела се поврзани со внатрешен коридор и гледано однадвор, изгледаат како еден хотел, со воодушевувачки стил.

Хотелот Турист е составен од 5 ката: приземје и 4 ката. Хотелот има 88 двокреветни соби со 176 кревети. Сместувачкиот капацитет покрива површина од 3.000 м2. Хотелот е во фаза на реновирање и добива категоризација врз основа на законските регулативи како хотел од III категорија со 3 ѕвезди.

Изберете го Езерскиот комплекс Метропол и со тоа и можноста за користење на сите хотелски капацитети и услуги кои се нудат.

http://www.metropol-ohrid.com.mk/

Хотел Фершпед Маврово

Интимност на планинска куќа - Хотел Фершпед, Маврово

 

Прв предизвик на нашата компанија во хотелиерството беше претворањето на малата планинска куќа на планината Бистра во удобен и пријатен хотел со 20 соби наместени во рустикален стил. Хотелот е сместен во самото подножје на скијачките терени и во непосредна близина на прекрасното Мавровско Езеро.

На помалку од час и половина возење со автомобил од Скопје, вие можете да уживате во убавините на националниот парк Маврово и да престојувате во нашиот хотел. А кога сте веќе таму, заборавете на тешкиот багаж, грижа каде ќе ги оставите скиите и уживањето започнува! Предноста што ја нудиме е близината на скијачките терени. Жичниците кои ќе ве одведат до најголемиот скијачки центар во Македонија се веднаш пред вас.

Покрај дваесетте соби, сите опремени со бањи и ТВ-апарати, хотелот има и семејна соба со пространа тераса, на која во зима можете да се сончате, а во лето да избегате од градските горештини. Сето тоа ви дава неповторливо чувство на интимност на планинска куќа.