Собрание на акционери

Врз основа на член 37 од Статутот на Друштво за земјоделско-сточарско производство, преработка и промет на големо и мало СКОВИН АД Скопје, а во врска со член 383, 384, 387 и 388-а од Законот за трговските друштва, Одборот на директори

 О  Б  Ј  А  В  У  В  А

ЈАВЕН

  П  О  В  И  К

 до акционерите за учество на Собрание

на СКОВИН АД Скопје

Собранието ќе се одржи на ден 13.05.2016 година  ( петок)  со почеток во 11,00 часот во просториите во седиштето на Друштвото на ул.15-ти Корпус бр.3 во Скопје

 

За работата на седницата на Собранието се предлага следниот:

Д  Н  Е  В  Е  Н      Р  Е  Д

 

I    Процедурален дел

-          Избор на претседавач со Собранието ;

-          Избор на Записничар и двајца заверувачи ;

-          Избор на бројач на гласови;

-          Избор на верификациона комисија ;

-          Извештај на верификационата комисија

 

II    Работен дел 

  1. Разгледување и одобрување на Годишната сметка, Финансиските извештаи ревидирани од  овластен ревизор со Мислење и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2015 година, со предлог-одлуки.

Годишна сметка за 2015 година

Одлука за одобрување на годишната сметка за 2015 година

Финансиските извештаи ревидирани од  овластен ревизор со Мислење

Одлука за усвојување на финансиските извештаи

Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2015 година

Одлука за одобрување на годишниот извештај за работењето на Друштвото

  1. Донесување одлука за распоредување на добивката за деловната 2015 година, со предлог-одлука.

Одлука за распоредување  на добивката  за  деловната 2015 г.

  1. Разгледување и одобрување на Извештајот поднесен од неизвршните членови на Одборот на директори  за резултатите од  контролата над управувањето  со  Друштвото за 2015 година, со предлог-одлука

Извештај од неизвршните членови на Одборот на директори за деловната 2015 година

Одлука  за одобрување на извештајот од неизвршните членови за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото

  1. Расправа и одобрување на работата на членовите на Одборот на директори на Друштвото за начинот на водење на  Друштвото за  2015 година, со предлог-одлука.

Одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори

  1. Донесување одлука за назначување овластен ревизор за вршење ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи  на Друштвото за деловната 2016 година, со предлог-одлука.

Одлука за назначување на овластен ревизор за 2016 година

 

      Вкупниот број акции во СКОВИН АД Скопје и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик се  1096954 .

 

            Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието (Пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се доставуваат до СКОВИН АД Скопје, на ул.15-ти Корпус бр.3 во Скопје.

Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма (без обврска да го завери полномошното на нотар).  Акционерот треба веднаш, по писмен пат, да го информира Друштвото,  за назначување на свој полномошник на Собранието, преку Архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за дадено полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш  водејки сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.

За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките од Дневниот ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.

Обрасците за гласање преку полномошник се достапни за преземање од веб-страницата на друштвото www.skovin.com.mk  

 

            Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на Дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.

            Гласањето на точките од Дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

            Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас, можат да предложат дополнување на Дневниот ред со барање за вклучување на нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во Дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат.

            Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на Дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото. Одговор на поставените прашања се дава на самата седница или преку веб-страницата на Друштвото.

Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб-страница на Друштвото www.skovin.com.mk.

 

 

Бр. 02-495/5

08.04.2016 год.

Скопје

СКОВИН АД Скопје

Одбор на директори       

Собранието одлучува само за прашањата категорично определени со Законот за трговските друштва и со Статутот на СКОВИН АД Скопје, а особено за:

 

1.Измена на Статутот;

2.Одобрување на годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работата на Друштвото во претходната деловна година и одлучува за распределбата на добивката;

3.Избор и отповикување на членовите на одборот на директори;

4.Одобрување на работата и водењето на работењето со Друштвото на членовите на одборот на директори;

5.Назначување овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи;

6.Преобразба на Друштвото во друга форма на друштво, како и на статусни промени на Друштвото;

7.Престанување на Друштвото.

 

Собранието не може да одлучува за прашања поврзани со областа на управувањето, односно со областа на водењето на работењето на Друштвото коишто се надлежност на органите на управување, освен ако тоа не е поинаку определено со Законот за трговските друштва.

 

 -СОБРАНИЕ НА АКИОНЕРИ 14.03.2013

(ZIP FILE)