Податоци за капиталот

Акционерскиот капитал на СКОВИН АД Скопје се состои од 1 096 954  обични акции. Обичните акции на СКОВИН АД Скопје котираат и со нив се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза, на потсегмент Задолжитела котација.


 Акции на СКОВИН АД

  • Обични акции

 

Издавач

  • СКОВИН АД

 

Дејност

  • Индустрија

 

Број на издадени акции

  • 1 096 954

 

Номинална вредност по акција

  • 310 денари

 

Вкупен износ на основна главнина

  • 340 055 740 денари

 

Меѓународен идентификационен број на акциите

  • ISIN MKSKOV101013

 

Права на глас

  • Едно право на глас по акција

 

 

Акциите во согласност со Законот за трговски друштва се слободно преносливи. Како акционери се сметаат сите лица запишани во акционерската книга, која во согласност со законската регулатива се води во Централниот депозитар за хартии од вредност. Акционерите под еднакви услови имаат еднаква положба во Друштвото. Секој акционер има право на глас во собранието на Друштвото, право на исплата на делот од добивката во вид на дивиденда и во случај на стечај или ликвидација на Друштвото, дава право на сразмерно учество во поделбата на стечајната, односно ликвидационата маса.

 

Основните податоци за емисијата на акциите на СКОВИН АД Скопје може да ги добиете на следниот линк на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.