Историјат

Виното е присутно во митологијата, религијата, во уметноста и литературата. Тоа е израз на социјалниот статус, префинетоста, воспитувањето и начинот на однесување, односно го креира и облагородува стилот на живот на секоја личност.

Сковин е винарска визба со капацитет од 17 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на Сковин имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава Сковин се стекна и со признанието Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино, Сковин го пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари на Сковин се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Вината на Сковин можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада и САД.



Винарницата Сковин низ годините
  • 1979 - 2001

    Винарницата Сковин е основана во далечната 1979 година, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. Таа за жителите на Скопје долго време важеше за место каде што може да се најде автентично домашно вино. Во 2001 винарницата Сковин беше откупена од групата Фершпед АД, по што следеше период на интензивни инвестиции и опремување на Винарницата со најсовремена опрема и технологија, со што Сковин прерасна во современа винарница и се усоврши во преработката на грозјето. 

  • 2001-денес

    Oд 2001 година до денес во Сковин се одвива период на интензивно развивање и унапредување. Со цел да се задоволат различнте вкусови на потрошувачите, Сковин го збогати својот асортиман со 11 нови вина. Исто така во 2013 година на пазарот пласиравме уште 4 нови барик-вина. Во овој период освен развојот во производната програма на Сковин, доста значаен е и развојот на пазарите, односно во овој период Сковин успеа да навлезе на 4 нови, доста значајни пазари, како што се Хонг Конг, Полска и двата најголеми светски пазари – Кина и Русија, и извезените количини на вино во овие земји од година во година сè повеќе растат.

    Развојот не завршува овде! Постојаното развивање е основната идеја околу која ги води сите активности на Сковин, па во следниот период можете да очекувате уште многу новитети од вашата омилена винарска визба Сковин.

Македонија се протега на медитеранскиот појас за кој легендите, летописите и митовите велат дека е татковина на виното. Овде овој божествен напиток кој го бодрел духот и на античките божества, и на народните херои, и на поетите, се произведува повеќе од пет илјади години. Нему и сладострасниците и научниците, со право му припишуваат цела дузина не само хранливи, гозбени и лековити вредности, туку и некои таинствени својства, способности да ги развие креативните сили на човековиот дух, спремен да вдахне на даровите на природата и некои импулси на својата фантазија, култура и човечност. На територијата на Македонија се менувале кралства и империи, доминирале или се провлекувале разни религии и цивилизации, но култот спрема виното никогаш не ја губел својата постојаност, трајност и привлечност. Плодовите на таа традиција живеат и денес.