Винаријата „Сковин“ помеѓу наградените на саемот „BeoWine Fair“ во Белград

Винаријата „Сковин“ на меѓународниот саем за вина „BeoWine Fair“ кој се одржува во Белград се закити со две сребрени награди. Наградените вина доаѓаат од Finest Selection, нивната најпосакувана линија на вина која освен светските ги освојува и регионалните пазари. Наградените вина се „Темјаника“ (берба 2016) и „Сира Каберне Барик“ (берба 2012).

„Темјаника“ е едно од најнаградувани вина на „Сковин“ кое поседува комплексни овошни ароми, како и ароми на бозел, босилек и темјан. На вкус е овошно, свежо и хармонично, со богат екстракт.

 „Сира Каберне Барик“ е квалитетно суво црвено вино, куве од сортите сира и каберне совињон. Структурата на каберне и богатството на овошната и зачинската арома на сира, го прават ова вино исклучително богато, питко и вистинско искушение за сите љубители на вино.

 „BeoWine Fair“ е еден од најпрестижните саеми за вина на Балканот, на кој учествуваат најугледните домашни и регионални производители на вино.